Германија со војнички чекори до исполнување на барањата на НАТО
Генералниот инспектор на Бундесверот, Карстен Брејер, претстави предлог за задолжителен воен рок за мажи и за жени, нагласувајќи ја потребата од зголемување на бројот на воениот персонал во германската армија. Брејер истакна дека моментно замрзнатиот воен рок според Уставот ја опфаќа само машката популација и дека е неопходно да се воведе родова еднаквост по соодветна политичка и општествена дискусија.
Министерот за одбрана Борис Писториус во јуни ги претстави плановите за нов модел на воена служба што вклучува шест месеци основна обука со можност за дополнителна служба според 17-месечен договор, отворајќи ја можноста за учество на жени. Бројер го поддржа моделот на Писториус нагласувајќи дека е неопходно да се зголеми бројот на војници за да се исполнат барањата на НАТО, истакнувајќи дека Германија е клучна членка на Организацијата на северноатлантскиот договор.
– За да ги задоволиме овие потреби ни требаат над 400.000 војници и резервисти. Без задолжителен воен рок, нема да можеме да го постигнеме тоа – рече Бројер.
Задолжителниот воен рок во Германија беше суспендиран во 2011 година за период од 55 години, што практично значеше укинување на задолжителната воена служба. Овој предлог на генералниот инспектор на Бундесверот отвори дебата во Германија за иднината на воениот систем и улогата на жените во војската. Р.С.