Поранешниот мексикански министер за јавна безбедност Џенаро Гарсија Луна е осуден на повеќе од 38 години затвор во САД за примање мито од картелите со кои требало да се бори.
Гарсија Луна беше министер за јавна безбедност на Мексико од 2006 до 2012 година, а пред тоа пет години беше на чело на Федералната истражна агенција, која се бореше против нарко бандите.
Со години беше познат како „мексиканскиот супер-полицаец“, но во 2019 година беше уапсен во Тексас под сомнение дека ги штител членовите на картелот Синалоа од апсење и пружал помош во замена за милиони долари мито што членовите на картелот му ги доставиле во актовки.
Обвинителите бараа доживотна казна затвор, тврдејќи дека Гарсија Луна живеел „двоен живот“, работејќи со американските агенции за борба против наркотици и разузнавачки агенции додека тајно бил на платен список на картелот Синалоа.
Објавувајќи ја казната од 460 месеци, или 38 години и четири месеци, судијата Брајан Коган рече дека Гарсија Луна треба да има „малку светло на крајот од тунелот“, припишувајќи му заслуга за неговата работа подучувајќи ги затворениците во притворскиот центар Метрополитен во Бруклин.