Во руски воздушен напад погодена е детска болница во Мариупол, соопшти денеска советот на градот, наведувајќи дека сè уште не е познато дали има жртви во нападот.
Градските власти тврдат дека неколку бомби се фрлени врз болницата и дека штетата е голема.
Украинскиот претседател Володомир Зеленски, на Твитер објави видео од оштетената детска болница.
– Мариупол. Директен удар на руските сили врз породилиште. Луѓе, деца се под урнатините. Ѕверство. Колку долго уште светот ќе биде соучесник игнорирајќи го овој терор? Затворете го небото веднаш! Запрете ги убивањата. Имате моќ, но се чини дека ја губите човечноста – објави на Твитер Зеленски.
Москва, демантира дека цивилни објекти се цел на руските воени операции во Украина.