Сирените за воздушен напад денеска се огласија низ Тел Авив и други околни градови, а палестинската милитантна група Хамас соопшти дека повторно ги нападнала градот и аеродромот Бен Гурион.
Во градот се регистрирани силни детонации, јавија локалните медиуми. Според нив активиран е и заштитиниот ПВО систем Железна купола.
По делумно затишје тоа е нов голем напад, објавија израелските медиуми.
Портпаролот на бригадата на Хамас, Ал Касам Абу Убаида изјави дека нападот бил одговор на убиствата на цивили.
Во исто време, на населението во Ашкелон му е даден рок да го напушти тој град до 17 часот по локално време.