Организацијата за човекови права „Провеа“ синоќа објави дека вкупно 24 лица загинале за време на протестите по претседателските избори во Венецуела на 28 јули, поради обвинувања за измами, јави ДПА.
„Провеа“ на социјалната мрежа „Х“ објави дека во најмалку девет случаи на убиства, вооружени провладини групи цивили, т.н. колективи, се идентификувани од сведоци како можни сторители.
Хјуман рајтс воч зборуваше и за „веродостојни извештаи за 24 смртни случаи“ во врска со протестите.
Во Венецуела изминатите денови имаше протести против изборните резултати за кои велат дека биле наместени. Според владините изјави, досега се уапсени повеќе од 2.000 луѓе како одговор на протестите.