Серија плакати со логото на руската приватна платеничка група „Вагнер“ се појавија на улиците на Краков, објавија полските медиуми.
Членот на градскиот совет на Краков, Лукаш Вантух, за ова проговори неделава на Фејсбук.
– Во Краков се појавија плакати со повик за приклучување кон групата „Вагнер“. Тоа е начин на провокација, а тоа не се случи само во Краков – напиша тој.
Плакатите се со натпис „Ние сме тука. Придружете ни се“ и на англиски јазик ги повикуваат жителите да им се придружат на „Вагнер“, а QR-кодот што ја придружува поканата води до страница на руски јазик.
Полскиот весник „Газета Краковска“ објави дека Бартломиј Издебски, полицаец во Краков, рекол дека полицијата добила дојава за два такви плакати.
-Собираме изјави, фотографии и ќе истражиме, изјави полицаецот.
Полицијата излезе со посебно соопштение во кое се вели дека такви повици полицајци нашле на повеќе локации низ градот, откако добиле дојава за првиот плакат.