Експлозија на гас вчеравечер во северозападниот дел на Кина, во регионот Нингсија, предизвика смрт на 31 лице, објави „ДПА“, повикувајќи се на агенцијата „Ксинхуа“.
Експлозијата во Јинчуан, главниот град на провинцијата Нингсија, била предизвикана од експлозија на резервоар за течен гас во приземјето на ресторанот, а пожарот брзо се проширил и на првиот кат од зградата, пренесе „Ксинхуа“.
Седум лица се примени во болница поради изгореници и повреди од скршените стакла, додава агенцијата.
Кинескиот претседател Си Џинпинг наредил целосна истрага за инцидентот.