Британскиот премиер Риши Сунак и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, во понеделникот (27 февруари 2023 година) постигнаа договор за трговските правила за Северна Ирска по брегзит, велејќи дека двете страни се согласиле да го отстранат „секое чувство за граница“ меѓу Обединетото Кралство и нејзината провинција. Сунак рече дека овој нов систем ќе обезбеди „непречена трговија во целото Обединето Кралство“.
Иако Виндзорската рамка сè уште треба формално да биде одобрена од двете страни, таа може да ги реши тензиите предизвикани од протоколот за Северна Ирска. Според протоколот, покраината не можеше да ги усвои домашните промени во стапките на ДДВ, а тие сега ќе се прошират на Северна Ирска.
Успехот на договорот, најверојатно, ќе зависи од тоа дали ќе ја убеди Демократската унионистичка партија (ДУП) да го прекине својот бојкот на спогодбите за поделба на власта во Северна Ирска. Унионистите се спротивставија на барањето на протоколот што го имаше покраината за автоматско спроведување нови или ажурирани правила на единствениот пазар на ЕУ. Договорот му дава „итна кочница“ на Собранието на Северна Ирска во Стормонт доколку 30 од 90 члена од најмалку две партии гласаат за блокирање на ажурираните закони на ЕУ за единствениот пазар.
Унионистите имаа клучно значење за мировниот договор од 1998 година, познат како Договор од Белфаст, со кој заврши тридецениското насилство во Северна Ирска.


Историски договор: Виндзорска рамка меѓу ЕУ и Британија

Обединетото Кралство и Европската Унија (ЕУ) постигнаа историски договор наречен Виндзорска рамка за да му се стави крај на тешкиот трговски спор по брегзит