Кандидатите на тајванските опозициски партии – најголемата тајванска опозициска партија Куоминтанг (КМТ) – и центристичката Тајванска народна партија (ТНП) го признаа поразот на претседателските избори и победата на кандидатот на владејачката Демократска прогресивна партија (ДПП) Вилијам Лаи.
– Ги разочарав сите, за што се извинувам најдлабоко, простете, ние сме виновни. Им честитам на Вилијам Лаи и Ксијао Мејцин – рече Хоу Јуи, кандидатот на Куоминтанг.
Од своја страна, претседателот на ТНП, Ко Венџи, им се заблагодари на своите поддржувачи за нивната поддршка.
– Следниот пат ќе можеме да ја преземеме власта и да ја вратиме земјата – рече тој.
Според речиси конечните резултати, Вилијам Лаи, кој се смета за сепаратист и „голема опасност“ од Кина поради неговата поддршка за независност, победи на изборите со 40,2 отсто од гласовите со преброени 98 отсто од изборните протоколи.
Главниот ривал на Лаи, Хоу Јуи, е на второто место со 33,4 отсто од гласовите, покажуваат податоците на Централната изборна комисија на Тајван.