На гасоводот во Ленинградската област во Русија денеска дојде до експлозија, соопшти гувернерот Александар Дрозденко.
Пожарникарите и спасувачите го гаснат пожарот кој настана како последица на експлозија на гасоводот меѓу Бернгардовка и Коваљево, напиша тој на Телеграм.
Според Дрозденко, нема опасност за населението, ниту пак е можно пожарот да се прошири и на населени места.
Според првите информации, во експлозијата никој не е повреден.
A powerful explosion occurred near St. Petersburg
The fire was caused by an explosion on the gas pipeline between Berngardovka and Kovalev – Governor of the Leningrad region Alexander Drozdenko.
According to preliminary information, there are no casualties. pic.twitter.com/jNF1GrwHWu
— NEXTA (@nexta_tv) November 19, 2022