Американските војници кои неодамна пристигнаа во Полска почнаа со вежби во близина на границата со Украина, изјави полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак.
– Во текот на викендот војниците на 18-та механизирана дивизија на полската армија почнаа заеднички вежби во југоисточниот дел на земјата со американски војници од 82-та воздушно-десантна дивизија – напиша Блашчак на Твитер.
САД и Велика Британија неодамна распоредија дополнителни 1.700, односно 350 војници, во Полска. Пентагон подоцна најави испраќање на уште 3.000 војници во Полска.