Украинските сили извршиле напад со забранета хемиска муниција врз руските позиции во близина на градот Соледар, во таканаречената Доњецка Народна Република во источна Украина, пренесоа проруските власти.
– Украинските вооружени формации ги гаѓаа со хемиска муниција на нашите позиции кај Соледар. При детонација, испуштаат иритирачки чад што предизвикува горење на кожата, а луѓето губат свест кога го вдишуваат – изјави за „ТАСС“ Андреј Марочко, потполковник на Народната милиција на Народна Република Луганск, повикувајќи се на извори од линијата на фронтот.
Марочко истакна дека специјалците на руските сили за радијација, хемиска и биолошка одбрана во моментов го утврдуваат видот на отровот што украинските војници го користеле во нападот.