Шефот на украинскиот енергетски оператор Енергоатом, Петро Котин, денеска изјави дека мировници на Обединетите нации би можеле да ја обезбедуваат електраната во Запорожје, која е окупирана од Русија и континуираните напади во областа се закануваат да предизвикаат нуклеарна катастрофа.
Тој посочи дека мировен контингент на ОН би можел да воспостави безбедносна зона во Запорожје и руските војници да се повлечат, јави Би-Би-Си.
Неговата изјава доаѓа еден ден откако Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) побара од завојуваните страни да воспостават безбедна зона таму.
Рускиот претседател Владимир Путин рече дека верува во извештајот на МААЕ, но ја критикуваше агенцијата што не кажа дека Украина е виновна за гранатирањето на областа.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги поздрави повиците на МААЕ за воспоставување безбедносна зона во Запорожје