Министерството за надворешни работи на Украина денеска ги демантираше обвинувањата на белорускиот претседател Александар Лукашенко за вмешаност на Киев во минатомесечниот обид за саботажа на аеродромот во Белорусија.
Лукашенко изјави дека во обидот за напад со беспилотно летало на крајот на февруари биле вклучени украинските и американските разузнавачки служби, а одговорност за нападот презел активист кој се бори против белоруските власти.
– Јасно е дека ова е уште еден обид да се создаде вештачка закана од Украина со цел да се поддржи руската агресија – изјави портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Олег Николенко.