Руските и украинските преговарачи ги одржаа првите директни разговори за ситуацијата во Украина по повеќе од две недели во Истанбул, со ненадејно присуство на рускиот милијардер Роман Абрамович, кој беше санкциониран од Западот поради интервенцијата на Москва во Украина. Портпарол на Абрамович не даде изјава во кое својство е тој на преговорите. Кремљ соопшти дека Абрамович не е официјален член на руската делегација во Турција, иако е фотографиран на преговорите со Украина во Истанбул.
Шефот на украинската делегација во преговорите со Русија, Дејвид Арахами денеска, по завршувањето на првата рунда преговори во Истанбул, изјави дека Киев предлага да се одржат консултации со Русија за статусот на Крим во следните 15 години. Тој изјави дека Украина ќе се согласи на неутрален статус доколку оживее системот на безбедносни гаранции што ги бара. Арахами додаде дека Израел, Полска, Канада и Турција би можеле да бидат меѓу земјите кои ќе ја гарантираат безбедноста на Украина.
Арахами рече дека неутралниот статус на Украина ќе значи дека во таа земја нема да има странски воени бази. Тој посочи дека за конечниот договор потребно е договорот за целосен прекин на огнот со Русија да стапи на сила на целата територија на Украина.
За Крим ќе се расправа на посебни преговори со Русија, според украинскиот преговарач.
Шефот на руската делегација во преговорите со Украина по состанокот изјави дека претседателите на двете држави може да имаат средба кога ќе биде одобрен нацрт мировен договор.
Русија вети дека значителноп ќе ги намали военте активности во Киев, северниот град Чернигов, по најновата рунда преговори во Истанбул.
-Во следните две недели Украина ќе ги продолжи преговорите со Русија – изјави украинскиот преговарач.
Украинскиот преговарач по мировните преговори со руската делегација во Истанбул изјави дека Киев сака осум држави меѓу кои и Турција да бидат гарант за почитување на мировен договор.