Заменик-министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Мелник, повика на „десетпати повеќе“ западна воена помош додека земјата се бори против руските сили.
– Ние сме им благодарни на нашите сојузници за воената помош. Но, тоа не е доволно. На Украина ѝ треба десеткратно поголема помош за да ја потисне руската агресија оваа година – напиша Мелник, поранешен украински амбасадор во Германија, на Твитер во саботата.
Мелник ги повика приврзаниците на Украина да ги „преминат сите вештачки црвени линии“ – алудирајќи на неподготвеноста на некои сојузници да ја снабдат Украина со моќни системи за оружје – и да потрошат еден процент од бруто домашниот производ (БДП) на оружје за Украина.
Во случајот на Германија, најголемата европска економија, само ова би изнесувало повеќе од 39 милијарди. Но, еден украински дипломат рече дека износите се мали во споредба со потрошувачката на сојузниците за време на Втората светска војна. Според Мелник, досега сојузниците обезбедиле вкупно 55 милијарди долари поддршка за Украина.