Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека ако Украина сака да почне преговори со Русија, треба да го поништи указот за забрана на преговорите и да објави подготвеност за дијалог.
-Претседателот на Украина издаде указ со кој се забранува да се водат мировни преговори со нас. Сите, вклучително и тој самиот. Па, како може некој да преговара ако не го сака тоа, тие дури издадоа регулаторен документ кој ги забранува тие преговори – рече Путин во интервју за Кинеската државна телевизија во пресрет на посетата на Пекинг.
Тој додаде дека украинската страна, доколку сака да започне преговори, прво треба да ја поништи таа уредба.
-И да објавиме подготвеност за тие преговори. Ние сме подготвени, вклучително и да ги искористиме предлозите на нашите кинески пријатели – рече Путин.