Јуриј Кузњецов, шеф на главната кадровска управа на Министерството за одбрана на Русија, е уапсен под сомнение дека примил мито, изјави официјалниот претставник на Истражниот комитет на Русија, Светлана Петренко.
-Главната истражна управа на Истражниот комитет на Русија покрена кривична постапка против шефот на кадровската управа на Министерството за одбрана на Русија, Јуриј Кузњецов. Тој е осомничен за примање голем поткуп (6 дел од член 290 од Кривичниот законик на Русија) – објави Петренко.
Според информациите на истрагата, Кузњецов е 2021-2023 година кога бил шеф на Осмата управа на Генералштабот примил поткуп од претприемач „за извршување одредени дејствија во нивна корист“.
При претресот кај генералот биле пронајдени пари во вкупна вредност од над 100 милиони рубљи во различни валути (околу еден милион долари), златници, колекционерски часовници и луксузни предмети.
Судот му определи мерка притвор на Кузњецов.