Маж за кој се верува дека е шеф на Исламска држава е „неутрализиран“ во Сирија во операција предводена од турските разузнавачи, изјави синоќа турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Операцијата беше спроведена завчера.
-Наводниот шеф на ДАЕШ (кратенка за ИД) наречен Абу Хусеин ал Кураши беше неутрализиран во операција вчера предводена од МИТ (турската тајна служба) во Сирија – изјави синоќа Ердоган во телевизиско интервју.
Според западни и ирачки разузнавачки служби, Абу ал Хасан ал Хашеми ал Кураши бил брат на поранешниот лидер на организацијата Ал Багдади, убиен во Сирија во 2019 година.