Фото: Официјална веб-страница на ЦЦД

Бројни истакнати личности потпишаа заедничка изјава преку која ги отфрлаат обвинувањата на украинскиот Центар за борба против дезинформации (ЦЦД) од 14 јули, во чија листа се посочени 72 поединци ширум светот како наводни промотори на „руска пропаганда“.

– Ние, учесниците на бројни конференции на институтот „Шилер“ и други индивидуи именувани на украинската листа, сме обвинети за промовирање на „руска пропаганда“ на листа објавена од украинскиот ЦЦД, што официјално е дел од Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, а која функционира под ингеренција на украинскиот претседател – се истакнува во соопштението до јавноста.

Понатаму, потписниците ја истакнуваат заканата што по нив ја претставува именувањето на украинската листа.

– Водечкиот човек на центарот, при објавата на листата, ги опиша овие личности, како и оние што повикуваа на решавање на кризата, како „информациски терористи“ што треба да се третираат како „воени злосторници“. Ова не само што е директна закана по безбедноста на именуваните, туку е и закана за слободниот говор и за цивилизираната расправа каде и да било низ светот, меѓу оние што бараат решенија за светските кризи што не се поистоветени со доминантните „наративи“. Во време на војна, објавувањето на таква листа е еднакво на целење кон индивидите – се вели во заедничката изјава, во која се додава и оти е неприфатливо што листата ги групира имињата на многумина кои претставуваат врвни светски институции, со различни мислења, а кои се вклучени во дијалог што бара постигнување на мир во интересот на сите.

Обвиненијата дека претставуваат „агенти на Путин“, се сметаат за теорија на заговор или за пропаганда од страна на оние што кренаа глас против листата на ЦЦД.

– Да се претпостави дека сите во таквиот широк спектар на говорници се „агенти на Путин“ и не можат да размислуваат самостојно, може само да се објасни како верување во теории на заговор или во вулгарна пропагданда, или пак во двете. Клучното прашање дали именуваните на листата промовираат гледишта во согласност со вистината. Вообичаено, за ова би требала да одлучи јавноста. Но напорите на САД и НАТО за оцрнување на оние што нудат „алтернативен наратив“ за Украина, досега, останува неоспорен. Затоа, секоја чест на Украина за пружање на така погодна листа на говорници што огласуваат различни идеи – тврдат потписниците.

Тие ги повикуваат националните законодавства и другите законски претставници да ги истражат ваквите закани упатени кон нив.

– Токму затоа повикувам на законодавството и на другите избрани претставници на народот во мојата држава да отворат истрага против овие закани и против оние што стојат зад нив – се посочува во име на потписниците на заедничката изјава.

Токму затоа апелираат и на откривање на вистината.

– Заинтересираните за откривање на вистината сега ќе можат подобро да ги споредат официјалната приказна и „наративот“, со некомпромитирана критика и да одлучат која од нив може да ги истрпи испитувањата, за самите да одлучат која анализа е поблиска до иднината – се заклучува во соопштението.

Потписници

1. Реј Мекговерн (САД), аналитичар, (пензиониран од ЦИА) основачки член на Ветеранските разузнавачки професионалци за разумност (ВИПС)
2. Кирк Вибе (САД), член на Ветеранските разузнавачки професионалци за разумност (ВИПС) и поранешен висок аналитичар во Агенцијата за национална безбедност. Тој е исто така партнер со Бил Бини во спречувањето на злосторствата од страна на разузнавачката заедница.
3. Сем Питрода (САД/Индија), иноватор, претприемач и креатор на политики, поранешен советник на индискиот премиер Раџив Ганди
4. Полковник Ричард Х. Блек (втор.) (САД), поранешен маринец, поранешен шеф на Одделот за кривично право на американската армија во Пентагон и поранешен сенатор од државата Вирџинија
5. Д-р Клифорд Киракоф (САД), поранешен висок член на персоналот, Комитетот за надворешни односи на Сенатот на САД и претседател, Вашингтон Институт за мир и развој
6. Џеф Јанг (САД), кандидат на Демократската партија за Конгресот на САД од Кентаки, ЦД 6
7. Дајен Сер (САД), независен кандидат ЛаРуш за американски сенатор од Њујорк
8. Дејвид Т. Пајн (САД), заменик-директор за национални операции за работната група ЕМП за национална и домашна безбедност
9. Алесија Руџери (Италија), портпаролка на Комисијата за безбедност на италијанскиот парламент, синдикалист
10. Генерал-полковник Леонардо Трикарико (Италија), поранешен началник на Генералштабот на италијанските воздухопловни сили
11 д-р јур. Волфганг Битнер (Германија), автор
12. д-р Јан Еберг (Шведска), коосновач и директор на Транснационалната фондација за истражување на мирот и иднината, уметнички фотограф, мир и иден истражувач
13. Јенс Јерген Нилсен (Данска), поранешен московски дописник за данскиот дневен весник „Политикен“, автор на неколку книги за Русија и Украина, водач на организацијата „Руско-дански дијалог“, вонреден професор по комуникации и културни разлики на бизнис-колеџот „Нилс Брок“, Данска
14. Проф. д-р Ли Ксинг (Данска), професор по развој и меѓународни односи на Одделот за политика и општество, Факултет за хуманистички и општествени науки и истражувач, во Истражувачкиот центар за развој и меѓународна Односи на Универзитетот во Алборг, Данска
15. Улф Сандмарк (Шведска), претседател на Институтот Шилер во Шведска
16. Жак Шеминад (Франција), претседател на Солидарност и напредок, политичка партија во Франција
17 д-р Џорџ Ку (САД), пензиониран деловен консултант специјализиран за трговија меѓу САД и Кина и претседател на Фондацијата Бурлингем
18. Хелга Цеп-Ларуш (Германија), основач, институт Шилер
19. Џејсон Рос (САД), секретар-благајник, организацијата Ла-Руш и советник за наука на Линдон ЛаРуш
20. Харли Шлангер (САД), поранешен портпарол на Линдон Ларуш, портпарол на институтот Шилер и организацијата „Ларуш“
21. Ерл Расмусен (САД), извршен потпретседател, Центар за Евроазија
22. Џејмс Џатрас (САД), поранешен дипломат, поранешен советник на раководството на републиканците во Сенатот на САД
23. Педро Рубио (Колумбија), претседател, Здружение на службеници на Генералното сметководство на Републиката
24. Греам Фулер (САД), поранешен заменик-претседател на Националниот разузнавачки совет, ЦИА, 25-годишен оперативен офицер на ЦИА, автор на бројни книги
25. Небојша Малиќ (САД), 15 години пишуваше за „Антивор“ и за „Раша Тудеј Америка“ додека не беше затворена во март годинава
26. Џ. Мајкл Спрингман (САД), адвокат, автор, политички коментатор и поранешен американски дипломат
27) Мајк Робинсон (Велика Британија), коуредник на „УК Колумна“
28) Мајк Каликрат (САД), Канзас; Сопственик Ранч Храна Директно
29) Тони Меглијано (САД), меѓународно синдициран католички колумнист за социјална правда и мир
30) Даниел Естулин (Русија) Автор и истражувачки новинар
31) Џереми Кузмаров (САД), новинар и автор на четири книги за надворешната политика на САД
32) Драгана Трифковиќ (Србија), генерален директор на Центарот за стратешки студии;
33) Карлос Галјардо Нејра (Перу), претседател, Христијанско-демократската партија на Перу
34) Адриан Флорес Коња (Перу), поранешен декан на Одделот за административни и сметководствени науки и директор на програмата за постдипломски студии, Националниот универзитет во Сан Маркос, Перу
35) Кејлеб Маупен (САД), новинар, основач и директор на Центарот за политички иновации