Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп не успеа да го оспори сведочењето на Мајкл Коен и Сторми Даниелс на претстојното судење по обвинението дека неговиот поранешен адвокат и платил на актерката во филмови за возрасни да молчи за нивната средба.
Поранешниот адвокат на Трамп, Коен пред изборите во 2016 година и платил на Даниелс да молчи за нивната средба во 2006 година.
Трамп минатиот месец побара од судијата да го блокира нивното сведочење, тврдејќи дека Коен во минатото лажел и најверојатно повторно ќе лаже, а Даниел ќе се обиде да го искористи судењето за да заработи од својата приказна.
Поранешниот претседател и иден републикански претседателски кандидат се изјасни како невин по 34 точки од обвинението за фалсификување на деловната документација, со што сакаше да скрие дека му платил на Коен да ја исплати Даниелс.
Судењето беше закажано на 5 март, но минатата недела беше пролонгирано за најмалку еден месец.