Ники Хејли, една од клучните членови на кабинетот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, ќе се кандидира за претседателка на САД од редовите на републиканците во 2024 година, објави „Си-Ен-Ен“.
Хејли е поранешен гувернер на Јужна Каролина и амбасадор на САД во Обединетите Нации, а веста за нејзината кандидатура ја објави на „Фејсбук“.
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп кон средината на ноември соопшти дека влегува во третата претседателска кампања.
– За да ја направам Америка повторно голема, вечерва ја објавувам мојата кандидатура за претседател на САД – рече Трамп пред стотиците поддржувачи и медиуми во Флорида.