Фото: Твитер - Џастин Трудо

Канадскиот премиер Џастин Трудо синоќа имаше „продуктивен и конструктивен“ телефонски разговор со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кој беше „фокусиран на трговијата и безбедноста на границите“, соопшти канадската Влада.

Разговорот се одржа по најавата на Доналд Трамп дека планира да ги зголеми царините на 25 проценти за сите стоки од Канада.

Според истото соопштение, двајцата шефови на држави си ветиле меѓусебно дека ќе продолжат „да бидат во контакт“.