Според мнозинството европратеници софтверот за препознавање лица не може да ги препознава човековите права

СОФТВЕРОТ ЗА ПРЕПОЗНАВАЊЕ ЛИЦА – КОРИСНА АЛАТКА НА БЕЗБЕДНОСНИТЕ СЛУЖБИ ИЛИ ЗАКАНА ЗА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

Европските влади и компании го засилуваат своето експериментирање со препознавањето лица. Биометриските алгоритми чија цел е да направат совпаѓање на лицата со базите на податоци во реално време можат да ги користат постојните мрежи на јавни камери. Тоа го загрижува европското набљудувачко тело за заштита на податоците ЕДПБ, кое минатата година повика на „забрана на секакво препознавање лица на поединци на јавни места, што се коси со основните права на приватност и слобода на движење“!

Подготвил: Mарјан Велевски

Безбедносните служби во светот во своите напори за борба со тероризмот и другите сериозни закани за мирот и безбедноста на граѓаните користат најразновидни алатки и техники за остварување на заштитната цел. Притоа, значајно место сѐ повеќе зазема користењето на најсовремените технолошки достигнувања, како што е вештачката интелигенција. Имено, примената на т.н. „вештачка интелигенција во технологијата за визуелен надзор“ доби нова димензија со развојот на новите софтверски решенија, кои обезбедуваат дополнителни резултати во полза на корисниците на овие системи.

Се разбира, како и секоја технолошка новина што, покрај својата основна намена, задира и во други значајни области на човековото живеење, и овие системи за визуелно набљудување имаат свои недостатоци токму во тој дел. Конкретно, противниците на оваа модерна алатка на безбедносните служби тврдат дека, и покрај деценискиот развој, тие генерално не се во состојба да се справат со реалните ситуации. Притоа се укажува на голем број пропусти при идентификацијата што се јавуваа во минатото, па дури и фатални грешки што имаа трагични последици. Од друга страна, се укажува на можните злоупотреби што е многу тешко да се утврдат, па, оттаму, се предлагаат дополнителни механизми за контрола на службениците што ги користат овие системи.

Да се забрани софтверот или не?!

Ваквата тенденција на преиспитување на еден значаен сегмент од работата на безбедносните служби добива и институционална разврска. Имено, деновиве на највисоко ниво се разви дискусија дали Европската Унија (ЕУ) треба да го забрани софтверот што може да препознае лице од толпата. Сè помасовната политичка коалиција се согласува со ставот за забрана на софтверот. Најново, третата по големина група во парламентот на ЕУ, „Рињу Јуроп“, се залага за забрана на технологијата за препознавање лице што скенира толпи неселективно во реално време, па сега мнозинството во Европскиот парламент е за забрана на софтверот.
Поддршката од „Рињу Јуроп“, која им се придружува на групите на зелените, социјалистите и демократите во поддршката на забраната, покажува дека сè поголем дел од политичкото раководство во Европа е за ограничувања на вештачката интелигенција, која оди многу подалеку од сè во другите технолошки напредни региони во светот, вклучувајќи ги и САД.

Противниците на технологијата за препознавање лица во реално време тврдат дека таквите алатки се фаворизираат за следење на дисидентите или ранливите малцинства и на крајот се опасни за граѓанските слободи. Тие, исто така, укажуваат на ризиците од расно профилирање и нарушување на приватноста, што доведе до тоа големите компании, вклучувајќи ги „Ај-би-ем“, „Амазон“ и „Мајкрософт“, да ја прекинат продажбата на алатки за препознавање лица на владите.

Сепак, иако ЕУ се движи кон одобрување на првиот светски правилник за вештачка интелигенција, ентузијазмот на европските законодавци и некои регулатори за забрана на препознавање лица во реално време веројатно ќе наиде на жестоко противење од друга група заинтересирани страни, како што се некои национални држави што сакаат да ја задржат технологија за препознавање лица во нивните безбедносни арсенали. Министрите за внатрешни работи напорно работеа за да се погрижат дека законот на ЕУ за вештачка интелигенција нема да им ги врзе рацете. И додека Европската комисија ја ограничува употребата на препознавање лица на јавни места за компаниите, на органите на прогонот им остава широк исклучок да ја применуваат технологијата во случаи како потрага по исчезнати деца, спречување терористички напади или лоцирање вооружени и опасни криминалци.

Нема место за ваков софтвер во општество посветено на демократијата и основните човекови права

Интересно е дека кај „Рињу“, исто така познати и како либерали, поддршката за забрана за софтверот расте полека по првичниот скептицизам. Но сега тие се рамо до рамо со левичарските пратеници во барањата за забрана за препознавање лица во живо. Сега водечкиот преговарач на парламентот за новиот закон за вештачка интелигенција не сака исклучоци за полицијата да ја користи технологијата во конкретни случаи, бидејќи тоа би претставувало „многу тешка контрола и одговорност“.

Европските влади и компании го засилуваат своето експериментирање со препознавањето лица. Биометриските алгоритми чија цел е да направат совпаѓања на лицата со базите на податоци во реално време можат да ги користат постојните мрежи на јавни камери. Тоа го загрижува европското набљудувачко тело за заштита на податоците ЕДПБ, кое минатата година повика на забрана на секое препознавање лица на поединци на јавни места, што се коси со основните права на приватност и слободата на движење.

Исто така, повеќе од 50 европски кампањски групи се обидуваа да ги убедат пратениците во забраната. Даниел Лојфер, активист на невладината организација „Пристап сега“, вели дека ако е дозволено да се користи дури и за исклучителни цели, тоа значи дека инфраструктурата ќе биде постои, а граѓаните никогаш нема да знаат дали е вклучена. Тој додаде дека за оваа технологија нема место во општество посветено на демократијата и основните права.

Либералните пратеници се поблиску до средината од колегите од левата страна, социјалистите и демократите и зелените, кои сакаат да одат уште подалеку и да го забранат секое препознавање лица и создавање биометриски бази на податоци што собираат фотографии од социјалните мрежи. Засилениот консензус во Европскиот парламент ги изолира пратениците од десниот центар во Европската народна партија, кои притискаа во спротивна насока за да се отворат повеќе можности за полицијата да користи препознавање лица.

Со свежите сеќавања за терористичките напади во последниве години во Европа, софтверот сѐ уште има шанси за воведување

Вистинскиот предизвик за забраната за препознавање лица доаѓа од владите на ЕУ што седат во Европскиот совет, каде што некои земји, како Франција, се загрижени дека незаконската технологија може сериозно да ја ослаби јавната безбедност. Со свежите сеќавања за терористичките напади во последниве години и со тоа што се подготвува да биде домаќин на Олимпијадата следната година, Париз сака да ги има сите можни алатки на располагање. Француските судии го поддржуваат највисокиот управен суд, велејќи дека би било погрешно да се забрани технологија што може да помогне да се идентификува познат терорист во голема толпа за време на масовен настан.

Додека Германија се залагаше за строги ограничувања на технологијата, генерално, владите на ЕУ работеа на тоа да се осигурат дека новиот закон за вештачка интелигенција нема сериозно да ги ограничи активностите на органите за спроведување на законот. Според најновите нацрт-измени на законот направени од европските членки, европските престолнини се залагаат да додадат повеќе исклучоци за спроведување на законот. Покрај потрагата по жртви на киднапирање и осомничени за криминал, тие би сакале да видат дека полицијата може да користи и препознавање на лицето во реално време за да спречи каква било „суштинска закана“ за критичната инфраструктура. Европските влади би можеле да го постигнат својот конечен став пред крајот на годината, според двајца дипломати на ЕУ.

Засега, левичарските и либералните пратеници се фокусирани на одржување на нивната динамика за забрана за препознавање лица додека Европскиот парламент официјално не ја обезбеди својата позиција на гласање до крајот на годината.