Тајван ги подигна своите борбени авиони како предупредување за 49 кинески авиони кои влегоа во неговата зона за воздушна одбрана, соопшти тајванското Министерство.
Во соопштението на министерството се додава дека кинеските авиони ја преминале линијата на поделба меѓу двете страни во Тајванскиот теснец, пренесува „Ројтерс“.
Министерството за одбрана на Тајван претходно денеска соопшти дека вкупно 68 воени авиони и 13 бродови на морнарицата учествуваат во кинеските вежби во Тајванскиот теснец.
Како што се наведува во соопштението на министерството, некои од нив „намерно“ преминале во неофицијалната тампон зона што ги дели двете страни.
Тајванското министерство истовремено ја осуди Кина, велејќи дека кинеските вооружени сили „сериозно го прекршиле“ статус квото и го загрозиле водениот и воздушниот простор на Тајван.