Поранешниот издавач на „Нешнл енкваерер“, Дејвид Пекер, сведочеше пред големата федерална порота во Менхетн, на сослушувањето за улогата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во тајната исплата на порноѕвездата Сторми Дениелс.
Секс-скандал, лаги и тајни исплати: Порноѕвездата држи стисок врз политичките амбиции на Трамп
Пекер, кој сведочеше и во јануари, не беше достапен за коментар по вчерашното 45-минутното сведочење, истакнува „Ројтерс“, пренесува Хина. Доколку биде обвинет, Трамп ќе стане првиот американски претседател кој ќе се соочи со кривична пријава пред суд.
Големата порота може да го обвини Трамп за исплата на 130.000 долари на Дениелс, која тврди дека имала афера со Трамп додека тој бил во брак со неговата сегашна сопруга Меланија, а парите требало да ја замолчат, односно да не излегува во јавност со таа информација. Поранешниот адвокат на Трамп, Мајкл Коен, рече дека исплатата ја извршил по инструкции на Трамп.
Трамп негираше дека имало афера, а адвокатот Роберт Костело, кој се сретна со Коен во 2018 година, рече дека Коен му рекол дека дејствувал сам. Костело сведочеше пред големата порота минатата недела. Тој се изјасни за виновен во 2018 година за исплатата и беше осуден на затвор за кршење на правилата за финансирање на кампањата.
Во 2018 година, „Американ медиа“ (АМИ), тогаш издавач на „Нешнл енкваерер“, призна дека ѝ платил 150.000 долари на поранешната манекенка на Плејбој, Карен Мекдугал, за да ја спречи да излезе во јавност пред изборите во 2016 година. Федералните обвинители рекоа дека како дел од договорот за соработка и избегнување обвиненија, АМИ призна дека исплатата на Мекдугал била извршена „во согласност“ со претседателската кампања на Трамп. Коен, исто така, се изјасни за виновен за неговата улога и во таа трансакција.
Трамп, кој бара номинација од Републиканците за претседателски кандидат во 2024 година, се соочува со уште неколку кривични истраги, вклучувајќи ја и онаа поврзана со нападот на американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година.