Светската здравствена организација соопшти дека мајмунските сипаници во моментов претставуваат „умерен ризик“ за јавното здравје на глобално ниво, откако се пријавени случаи во земји каде што досега не биле присутни.
– Ризикот за јавното здравје може да се зголеми ако вирусот ја искористи можноста да се појави како човечки патоген и да се прошири на високоризичните групи, како што се малите деца и луѓето со ослабен имунолошки систем – соопшти СЗО, пренесе Ројтерс.
До 26 мај, потврдени се 257 случаи на мајмунска сипаница, а уште 120 се сомнителни во 23 земји кои не се ендемични за вирусот.