Светското првенство во ракомет за мажи на ИХФ во 2025 година ќе биде 29-от настан чиј домаќин е Меѓународната ракометна федерација. Ќе се одржи во Хрватска, Данска и во Норвешка од 14 јануари до 2 февруари 2025 година. Во ова издание првпат светското првенство ќе се одржува во три земји, како и првпат со 32 екипи. Данска е тројниот бранител на титулата светски шампион, откако ги освои изданијата во 2019, 2021 и 2023 година.
На Светското првенство во ракомет во 2025 година, нашиот национален тим ќе ја игра групната фаза од три натпревари во Хрватска, а ќе се соочи со Унгарија, Холандија и со Гвинеја. Натпреварите ќе се играат во Вараждин. Нашиот национален тим ќе отвори против Унгарија на 15 јануари, додека два дена подоцна, на 17 јануари, ќе следува натпревар со Холандија. Крајот на првата групна фаза е со Гвинеја на 19 јануари.