Најмалку 18 лица загинаа во поплавите и свлечиштата предизвикани од обилните дождови во бразилскиот град Петрополис, на околу 70 километри северно од Рио де Жанеиро, потврди противпожарната бригада на бразилската сојузна држава Рио де Жанеиро.
За само шест часа во Петрополис наврнаа 260 милиметри дожд, што е повеќе од просекот за цел месец февруари, па беше прогласена вонредна состојба, а гувернерот Клаудио Кастро отпатува во погодената област за да им изрази поддршка на засегнатите.
Претседателот Жаир Болсонаро, кој е во официјална посета на Русија, преку „Твитер“ побара од своите министри „итна помош за жртвите“.
Дождот во погоденото подрачје престана, но според градските власти прогнозата е дека во следните неколку часа повторно ќе врне „слаб до умерен дожд“.
At least 18 people have died in mudslides and floods after a mountainous region of Rio de Janeiro saw almost a month’s worth of rain fall in just three hours.
Read more: https://t.co/wNHFMl6iKw pic.twitter.com/QA78Lz053F
— Sky News (@SkyNews) February 16, 2022