Велика Британија
Стотици пациенти во Велс добиле антивирусни таблети против ковид, кои можат да ги користат дома, објави Би-би-си. Ова е прво клиничко испитување на антивирусните лекови специјализирани против ковид во земјата.
Студијата е предводена од Универзитетот во Оксфорд, а лековите биле доставени до Службата за јавно здравје во Велс, како и до Центарот за истражување на здравјето во Велс и Универзитетот во Кардиф.
Владата на Велс ја поздрави најавата дека во Велика Британија се набавени неколку милиони антивирусни лекови за лекување ковид. Од почетокот на набавката на лековите на 8 декември, во тестовите учествувале околу 3.000 луѓе, од кои половина добиле антивирусни лекови.
Научниците се надеваат дека во комбинација со вакцини и дополнителна програма, ќе се намали бројот на луѓе што завршуваат во болница поради вирусот.
– Лекот влегува во инфицираните клетки и потоа го блокира вирусот да се размножува. Тоа значи дека количеството на вирусот треба да остане мало, што го намалува ризикот од сериозен тек на болеста – вели д-р Ендрју Карсон, кој работи како истражувач во Велс.
Според пишувањата, пациентите со ковид ќе земаат таблети двапати на ден во првите пет дена по појавата на симптомите.