НАТО не планира да распореди борбени трупи во Украина во случај на руска инвазија, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.
На прашањето на новинарите на Би-Би-Си, дали ќе ја исклучи можноста за распоредување на војници на НАТО доколку Русија изврши инвазија, тој рече дека Алијансата нема планови за тоа.
– Се фокусираме на давање поддршка. Постои разлика помеѓу тоа да се биде член на НАТО и да се биде силен и високо ценет партнер како Украина. Во тоа нема сомнеж – додаде првиот човек на Алијансата.
Столтенберг рече дека НАТО е подготвен да реагира на можна руска агресија врз Украина.
– Подготвени сме да отвориме дијалог со Русија. Вооружениот конфликт не е во ничиј интерес – нагласи тој.
Шефот на НАТО, исто така, истакна дека Северноатлантската алијанса е подготвена за најлошото и дека ако Русија повторно употреби сила против Украина, ќе мора да плати висока цена, со економски и политички санкции.