Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг се огласи за експлозијата во близина на украинско-полската граница. Тој рече дека НАТО ја следи ситуацијата во Полска, којашто е нејзина членка, додавајќи дека сојузниците внимателно се консултираат.
– Разговарав со претседателот на Полска, Дуда, за експлозијата. Му изразив сочувство за загубата на животи. НАТО ја следи ситуацијата и сојузниците внимателно се консултираат. Важно е да се утврдат сите факти – напиша Столтенберг на Твитер.