Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ги осуди нападите на Хамас врз Израел, но нагласи дека израелскиот одговор мора да биде во согласност со меѓународното право.
– Ги осудуваме терористичките напади на Хамас врз Израел. Истовремено, важно е израелскиот одговор да се одвива во согласност со меѓународното право, животите на цивилите да бидат заштитени и хуманитарната помош да стигне во Газа, рече Столтенберг во норвешкиот Парламент – пренесуваат британските медиуми.
Ген-секот на НАТО предупреди на опасноста војната да прерасне во поширок регионален конфликт.
– Иран, Хезболах и другите не смеат да ја искористат ситуацијата. Страдањата од последните недели не потсетуваат дека не смееме да се откажеме од работата на трајно и мирно политичко решение на конфликтот – рече Столтенберг.