Советот на безбедност на Обединети нации денеска усвои резолуција со која се бара „итен прекин на огнот“ помеѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, како и безусловно ослободување на заложниците.
СБ на ОН првпат по шестмесечната војна во Појасот Газа бара „итен прекин на огнот“ за време на Рамазан, што трае уште две недели.
„За“ резолуцијата гласаа 14 земји, а само САД беа „воздржани“.
Резолуцијата беше поднесена од десет непостојани земји-членки на СБ, меѓу кои и Алжир, Гвајана, Малта, Мозамбик, Сиера Леоне, Словенија и Швајцарија.
Во претходните обиди постојаните земји-членки на СБ на ОН ставаа вето, со што оневозможуваа усвојување на претходните резолуции за примирје во Газа.
САД досега ставија вето на три нацрт-резолуции, а Русија и Кина двапати го блокираа американскиот предлог.
Во резолуцијата се нагласува и итната потреба да зголемување на хуманитарната помош и да се интензивира заштитата на цивилите ширум палестинската енклава.