Над 500 ученици, но и наставници, во основно училиште во германскиот град Лајпциг, се заразени со вирус – сè уште непознат за лекарите.
Германски медиуми пишуваат дека сите заразени имаат различни симптоми, но, посебно се истакнуваат висока температура и дијареа. Нивните тестови на коронавирус се негативни.
Само во понеделникот беа пријавени над 100 нови заразени, пишува списанието „Феникс“.
– Доколку има повеќе заразени во една јавна установа, за толку краток временски период, а лицата се жалат на дијареа и температура, може да станува збор за норовирус. Ако лицето го донесе вирусот во училиште, многу лесно се пренесува. Но, по неколку дена, неудобните симптоми, најчесто се повлекуваат – изјави доктор Кристоф Шпехт за германскиот медиум РТЛ.