Фото: Официјален фејсбук профил на Володомир Зеленски

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во синоќешното обраќање до нацијата истакна дека е тешка ситуацијата во земјата.

– Ситуацијата во моментов е тешка насекаде, но најтешка е на фронтот. Нападите продолжуваат. Како и одбраната на нашите позиции – истакна Зеленски.

Поради руските напади врз украинскиот енергетски систем граѓаните немаат електрична енергија и греење, додека на фронтот,  руската армија  напредува кон југ и исток.