Јозеф Фрицл, Австриецот кој 24 години ја држеше и силувал својата ќерка во заробеништво, ќе биде префрлен од психијатриското одделение во редовен затвор.
– Австрискиот суд нареди префрлање на 88-годишниот силувач Јозеф Фрицл во редовен затвор од психијатриското одделение на затворот – изјави неговиот адвокат по сослушувањето.
Фрицл, кој сега го смени името, беше осуден на доживотен затвор во 2009 година за силување, инцест и држење во заробеништво неговата ќерка Елизабет и седумте деца што ги имаше со него.
Едно од децата починало, а судот оценил дека Фрицл е одговорен за смртта бидејќи на детето не му пружил медицинска помош.
Случајот со Јозеф Фрицл го шокираше светот кога во 2008 година Елизабет Фрицл успеа да стапи во контакт со полицијата и да пријави дека нејзиниот татко ја држи во заробеништво. Таа тогаш имала 42 години, а поминала 24 години затворена во подземно засолниште под нивната семејна куќа. Нејзиниот татко почнал да ја злоставува кога имала само 11 години.
Елизабет поминала повеќе од половина од својот живот во подрум кој бил изграден во стил на бункер од Студената војна. Таа живеела таму и трпела малтретирање од 18-годишна возраст, а Јозеф им рекол на семејството и пријателите дека неговата ќерка побегнала од дома и се приклучила на секта.
Злосторството било откриено кога едно од децата на Елизабет тешко се разболело и Фрицл го однел во болница. Лекарите сакале да ја видат мајката. Фрицл за таа прилика ја ослободил од заробеништво, за да се појави во болница и да ги отфрли сомнежите. Таа, сепак, ја искористила можноста да го пријави злоставувањето што го трпела повеќе од две децении.