Невреме проследено со торнада и силен дожд однесе најмалку девет човечки животи на југот на Соединетите Американски Држави, а повеќе од милион луѓе останаа без електрична енергија, соопштија властите.
Националната метеоролошка служба соопшти дека силниот бран на невремето синоќа го преминал јужниот дел на САД и продолжил да се движи кон североисток, додека денеска се очекуваат снежни врнежи на широка област од југоисточен Мичиген до сојузната држава Њујорк.
Гувернерот на Кентаки, Енди Бешеар, го потврди ударот на најмалку две торнада во западниот дел на државата, во кои загинаа најмалку три лица, а четвртата жртва е жена која загинала кога дрво паднало врз автомобилот во кој се наоѓала.
Ветерот достигна брзина од речиси 130 километри на час, со налети „доволно силни за да ги однесат тракторските приколки од патот“.