Кинескиот претседател Си Џипинг му рекол на својот американски колега дека прашањето за Тајван е црвена линија во односите меѓу Пекинг и Вашингтон, пренесе РИА Новости.
Си ова му го кажал на Бајден за време на неодамнешниот состанок на маргините на самитот на Г20 во Индонезија, објави веб-страницата на кинеското Министерство за надворешни работи.
-Кинескиот лидер јасно стави до знаење дека тајванското прашање е главниот интерес на Кина, политичката основа и главната црвена линија што никој не може да ја помине – се вели во соопштението, пренесе Танјуг.