Шпанија ќе испрати противвоздушни ракети „Патриот“ во Украина, потврди денеска шпанската министерка за одбрана Маргарита Роблес, а Белгија годинава ќе ѝ испорача на Украина борбени авиони Ф-16, објави Фламанското радио и телевизија, повикувајќи се на Министерството за одбрана во Брисел.
Роблес најави испорака на комплет проектили за системи за противвоздушна одбрана на состанокот на контакт групата за одбрана на Украина, на кој таа учествуваше преку видео конференција.
Во соопштението на шпанското Министерство за одбрана за ова прашање не се споменува бројот на ракети што Шпанија ќе ги испрати.
Министрите за надворешни работи и одбрана на ЕУ во понеделникот ветија дека ќе ја продолжат помошта за Украина, откако американскиот Конгрес го одобри големиот пакет помош за Киев.
Шпанија е една од ретките земји што има противвоздушни системи „Патриот“. Украинскиот претседател Володимир Зеленски смета дека неговата земја треба да добие најмалку седум противвоздушни ракетни комплекси „Патриот“.
Белгиската влада претходно имаше намера да ја испорача првата серија од авионите Ф-16 во Киев в година.
Остин: Нова транша од шест милијарди долари од помошта за Украина
Американскиот министер за одбрана Лојд Остин денеска најави нова транша од шест милијарди долари од помошта за Украина, додека Вашингтон се обидува да ги достигне залихите за Киев, откако помошта за Украина беше блокирана во американскиот Конгрес со месеци, пренесоа агенциите.
Остин: Нова транша од шест милијарди долари од помошта за Украина
Американскиот министер за одбрана Лојд Остин денеска најави нова транша од шест милијарди долари од помошта за Украина, додека Вашингтон се обидува да ги достигне залихите за Киев, откако помошта за Украина беше блокирана во американскиот Конгрес со месеци, пренесоа агенциите.
Новата транша е втора објавена оваа недела, откако во средата беше најавена помош за Киев од милијарда долари. Овие две суми се дел од пакетот помош од 61 милијарда долари за Киев што конечно беше одобрен оваа недела од американскиот Конгрес и потврден со потпис на американскиот претседател Џо Бајден.
Додека помошта од милијарда долари одобрена во средата ќе дојде од залихите на американската војска, оваа објавена денеска ќе биде обезбедена преку договори со одбранбената индустрија или со партнери. Тоа значи дека на оваа помош ќе и треба повеќе време за да стигне до бојното поле.
По потпишувањето на пакетот помош од 61 милијарда долари за Украина во средата, Бајден вети дека брзо ќе испрати оружје во Киев.