Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека Германија ќе може да се „соочи“ со претстојната зима и да обезбеди снабдување со енергија и покрај стопираната испорака на руски гас.
– Русија не е сигурен снабдувач со енергија… Сојузната Влада од почетокот на годината се подготвува за таква можност – посочи Шолц.
Тој додаде дека „благодарение на диверзификацијата на извори на снабдување и полнење на резервите на гас“, Германија сега е во позиција да се соочи со проблемот на продолжен прекин на испорака на руски гас преку гасоводот Северен поток.