Обилни врнежи од дожд и невреме придружени со голема фреквенција на молњи и град, се очекуваат во текот на денешниот ден во повеќе области на Грција, а од бројот 112 за итни случаи вчера, во северниот дел на земјата беше испратена предупредувачка порака, јави дописничката на МИА од Атина.
– Предупредувачка порака за интензивни временски појави (град, молњи, невреме) од раните утрински часови до пладне на 4 јули 2024 година. Ограничете ги вашите движења за време на појавите и следете ги упатствата на надлежните, беше пораката испратена до сите оние кои се наоѓаат во Солун, Халкидики, Катерини, Кавала и сл.
Министерот за климатска криза и цивилна заштита на Грција Василис Кикиљас рече дека Комисијата за процена на опасности по одржаниот вонреден останок вчера наутро, информирала за опасни временски појави со силно невреме и многу интензивна громови во повеќе области во Грција, а според прогнозите, најголеми проблеми ќе има на Халкидики, во Солун, Серес, Кавала во раните утрински часови, а од пладне до вечерните часови невремето ќе се прошири до централна Грција, Атина и делови од Пелопонез.
– За невремето, потребна е голема претпазливост во однос на молњите на копно и море, рече Кикиљас, додавајќи дека жителите и посетителите треба да бидат особено внимателни и со морските бури.