Американските власти го предупредија Пекинг дека ќе има последици доколку Кина се обиде да ѝ помогне на Русија да ги надомести загубите од западните санкции, изјави денеска советникот на американскиот претседател за национална безбедност, Џејк Саливан.
– Внимателно следиме во која мера Кина ѝ пружа материјална и економска поддршка на Русија. Му пренесовме на Пекинг дека нема да толерираме или да дозволиме која било земја да ѝ надомести на Русија за нејзините економски загуби од западните санкции – истакна Саливан, додавајќи оти тоа би имало последици за Кина.
Во исто време, тој одби да одговори на прашањето дали САД се подготвени да воведат ограничувања за Пекинг доколку се обиде да и помогне на Русија да ги надомести економските и финансиските загуби од санкциите воведени од САД и нивните сојузници.