Американските власти им забранија на руските дипломати да ги посетуваат гробовите на советските војници на гробиштата во воената база во Алјаска, објави руската државна новинска агенција ТАСС.
Руската амбасада во Вашингтон на апликацијата за пораки Телеграм објави дека група руски дипломати го посетиле Енкориџ во петокот и саботата.
– За жал, локалните американски власти, без објаснување, не дозволија дипломатите од амбасадата да ги посетат националните гробишта Форт Ричардсон и да клечат пред гробовите на советските пилоти и морнари кои загинаа на Алјаска во 1942-1945 година – ја цитира ТАСС руската дипломатка Надежда Шумова.
„Обидите да се добие пристап преку Стејт департментот беа неуспешни, дипломатската нота од (руската) амбасада за таа цел беше игнорирана. Стејт департментот не одговори на барањето за коментар.
За пристап до гробиштата во базата на американската војска Форт Ричардсон потребна е дозвола, пишува на веб-страницата на гробиштата. Руски дипломати ги посетувале гробиштата во минатото, објави амбасадата на Твитер. На гробиштата се погребани девет советски пилоти и уште двајца војници, соопшти ТАСС.