Соединетите Американски Држави и Русија се согласија да ги решат прашањата каде што тие се разликуваат и да започнат да работат на завршување на војната во Украина – соопшти Стејт департментот, посочувајќи дека процесот е во рана фаза.
– Еден телефонски повик проследен со една средба не е доволен за воспоставување траен мир – изјави портпаролката на Стејт департментот Тами Брус по средбите во Саудиска Арабија, пренесе „Ројтерс“.