Фото: Пиксабеј

Плановите на САД се одобрени за повеќедневни напади во Ирак и Сирија против повеќе цели, вклучително, објави „Си-би-ес њуз“, цитирајќи американски официјални претставници.

Официјални лица велат дека изведувањето на нападите во голема мера ќе биде одредено од временските услови.

– Вашингтон сака чисто небо за случајно да не погоди цивили – пренесува „Си-би-ес њуз“.

Нападите се наменети да одговорат на нападот со беспилотни летала од страна на група поддржана од Иран, во текот на изминатиот викенд,  во кој беа убиени тројца американски војници во Јордан.