Лондонскиот весник „Тајмс“ објави дека се чини оти Финска и Шведска ќе се приклучат на НАТО уште ова лето, пренесе ДПА.
Русија направи „голем стратешки гаф“, пишува весникот, цитирајќи американски официјални претставници.
Официјалните претставници додадоа дека членството во НАТО за двете земји беше „тема на разговор и повеќекратни сесии“ за време на разговорите меѓу министрите за надворешни работи на Алијансата минатата недела.
ДПА го пренесува весникот во наводите дека на разговорите присуствуваа и претставници од Шведска и Финска, додава весникот.