Руски воен авион МиГ-31 денеска се урна во Тихи Океан. Несреќата се случила за време на тренажен лет.

Сè уште не е позната судбината на двајцата членови на екипажот.

Руската армија соопшти дека авионот, што се урна во заливот Авача, на југоисточниот брег на полуостровот Камчатка, не носел оружје.

МиГ-31 е ловец со два мотори, со две седишта, дизајниран да пресретнува непријателски авиони и крстосувачки ракети. Советските и руските воздушни сили го користат од 80-тите години од минатиот век.

Еден МиГ-31 се урна во април во близина на Мурманск на Арктикот, чиј екипаж преживеа.