Руската армија ги подобрува своите позиции на фронтот во Украина, вклучително и околу источниот град Авдијивка, што беше цел на неколкудневни опсежни напади, изјави рускиот претседател Владимир Путин и повтори дека украинската контраофанзива „целосно пропаднала“.
– Нашите војници ги подобруваат своите позиции во речиси целиот тој многу голем простор – рече Путин во интервју за руската телевизија, чии извадоци денеска на Телеграм ги објави Павел Зарубин, новинарот што го интервјуираше.
– Тоа се однесува на зоните Купјанск, Запорожје и Авдијивка – додаде Путин и ја пофали стратегијата за „активна одбрана“ која, како што рече, ја спроведува руската армија.