Фото: принтскрин / Илустрација

Руската армија изврши групен напад од копно и море со оружје со долг дострел врз центрите за одлучување и објекти на Службата за безбедност на Украина (СБУ), соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

-Во последните 24 часа, вооружените сили на Руската Федерација извршија групен напад со високо прецизно оружје со долг дострел, од море и копно и со беспилотни летала, врз центрите за одлучување, објектите на СБУ и претпријатијата на воено-индустрискиот комплекс – се вели во соопштението.

Се додава дека нападите биле извршени и на места каде се стационирани украинските сили и странските платеници.

-Погодени се сите објекти – тврди руското Министерство за одбрана.